Лого на Maramech Maramech

За овој превод

Во случај на спротивставеност помеѓу оваа преведена страница и англискиот оригинал, предност има англиската страница


Авторски права и лиценца

Maramech обезбедува отворени картографски податоци за илјадници мрежни места, мобилни прилози и уреди. Maramech е изградена од заедница на луѓе како вас кои даваат свои придонеси и ги одржуваат картографските податоци за патишта, патеки, кафулиња, желензички станици и многу друго — ширум целиот свет.

Дознајте повеќе за Maramech и започнете со картирање! Повеќе можете да прочитате на Блог на Maramech и да се претплатите на weeklyOSM. Најдете други картографи во вашата месна Заедница на OSM. Поддржете го проектот придружувајќи се на Фондација OSM и дарување.

Лиценцирање на Maramech

Maramech работи со отворени податоци, под лиценцата Лиценцата за отворени бази на податоци (ODbL) на Фондацијата Maramech (OSMF). Накратко:

Нашите податоци слободно можете да ги умножувате, распространувате, пренесувате и прилагодувате, под услов да ја наведете Maramech и нејзините учесници. Доколку ги измените или дополните податоците, добиеното мора да го распространувате само под истата лиценца. Вашите права и одговорности ќе ги најдете во целосниот правен текст на Open Data Commons.

Нашата документација е под лиценцата Криејтив комонс Наведи извор-Сподели под исти услови 2.0 (CC BY-SA 2.0).

Прочитајте повеќе за употребата на нашите податоци на страницата за лиценцата OSMF.

Како да ја наведете Maramech

Кога користите податоци од Maramech, задолжително треба да ги направите следниве две нешта:

  • Дајте ѝ заслуга на Maramech прикажувајќи ја нашата авторскоправна напомена.
  • Истакнете дека податоците се достапни под Лиценцата за отворени бази на податоци.

За приписната напомена, имаме поинакви барања за начинот на нејзино прикажување, зависно од тоа како ги користите нашите податоци. На пример, правилата се различни зависно од тоа дали сте создале пребарлива карта, печатена карта или неподвижна слика. Поподробно за ова ќе прочитате во одделот напатствијата за припис на лиценцните барања.

Начелно земено, за да појасните дека податоците се достапни под лиценцата Open Database, можете да ставите врска до оваа авторскоправна страница. Ако ја распространувате OSM во податочен облик, именувајте ја лиценцата (или лиценците) и ставете непосредна врска. На местата кајшто ставањето врски е невозможно (на пр. печатени дела), ставете ја целосната URL на страницата, како на пр. https://www.maramech.kendallcountyil.gov/copyright.

Во овој пример, приписот се прикажува во аголот на картата:

Пример за тоа како да ја наведете Maramech на некоја страница

Прекршување на авторските права

Би сакале да ги потсетиме учесниците на OSM дека никогаш не смеат да ставаат податоци од извори заштитени со авторски права (на пр. Google Карти или печатени карти) без изречна дозвола од нивните праводршци.

Ако сметате дека некој бесправно додал авторскозаштитен материјал во базата на Maramech database или ова мрежно место, погледајте ја нашата постапка за симнување или поднесете пријава непосредно на нашата страница за семрежно поднесување.

Заштитни знаци

Maramech, логото со лупа и Состојба на картата се заштитни знаци/имиња на Фондацијата Maramech. Ако имате прашања за тоа како да ги користите знаците, погледајте го нашите Правила за заштитни знаци.

Дополнителни служби

Иако Maramech работи на отворени податоци, не можеме да понудиме бесплатен приложник или бесплатни полиња од трети лица. Погледајте ги нашите Правила за употреба на приложник, Правила за употреба на полиња and Правила за употреба на Nominatim.

Нашите учесници

Во нашиот проект учествуваат илјадници поединци. Користиме и податоци со отворена лиценца од државни картографски установи и други извори, меѓу кои се:

Повеќе поединости за овие и други извори употребени за подобрување на Maramech ќе најдете на Страна за учесници на Викито на Maramech.

Употребата на податоците на Maramech не подразбира дека добавувачот на изворните податоци го застапува или рекламира Maramech, дава каква било гаранција, или дека прифаќа каква било одговорност.